Се одржа првиот состанок на Управниот и Надзорниот Одбор

Состанокот го отвори Претседателот на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, г-дин.Мендерес Кучи, кој го презантираше дневниот ред, и го ставаше на гласање. Со усвојувањето на дневниот ред, започна и дискусијата според точките на дневниот ред. 

Првата точка на дневниот ред, се однесуваше на одлуката на Комисијата за избор на новиот Извршен директор, со оглед на тоа дека на претходниот состанок одржан на 29.12.2014 беше донесена одлука да се објави јавен оглас за избор на нов директор. Последователно, по завршувањето на крајниот рок за пријавување и прием на апликации беше дискутирано околу тоа, со цел да се добие едногласна одлука. Управниот и Надзорниот одбор одлучи огласот да се поништи и да се објави нов јавен оглас, поради некомплетната документација на кандидатите. Советот донесе едногласна одлука да се повтори огласот,веднаш по поништувањето на претходниот. По истекот на рокот за пријавување и после интервјуата, проценките дадени од страна на Комсиијата ќе бидат изнесени пред Советот, со цел донесување на едногласна одлука  за новата позиција, односно за новиот извршен директор на СКСЗМ.

Втората точка беше отворена за сите, за предлози и коментари за понатамошна дискусија. Во рамки на ова точка. се дискутираше за Собранието на СКСЗМ, кое се очекува да се одржи на почетокот на март, можните статутарни измени, кои, исто така, беше одлучено да се стават на отворено гласање на дента на одржување на Собранието, а се дискутираше и за можноста за проширување на активностите на СКСЗМ во иднина.

Comments are closed.