Се одржа првиот состанок на Управниот Одбор на СКСЗМ

06.03.2024 година, Скопје – Во просториите на СКСЗМ се одржа првата редовна седница на Управниот Одбор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.

Управниот одбор, како раководен орган на СКСЗМ, дискутира за активностите што беа спроведени во периодот јануари-февруари 2024 година, Парламентарните и Претседателските избори и Платформата за економски развој на РСМ, како стратешки документ на Комора која ќе биде претставена пред политичките партии. Меѓу другото, се разговараше и за најновото истражување изработено од СКСЗМ „Економски манифест за забрзан развој“ и активностите кои ќе реализираат во наредниот период.

Имајќи предвид дека во наредниот четиригодишен период, главната цел на СКСЗМ е да се бори против иселувањето на младите од земјата и да го реши проблемот со работната сила, во нејзините стратешки определби за годините 2024-2027, фокусот ќе биде на истото, со цел зголемување на конкурентноста на бизнисите и на нашата земја.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, како и секогаш, ќе продолжи одлучно да работи на помагање на економскиот развој на земјата и унапредување, заштита и унапредување на бизнисите во земјата и странство.