Се одржа првиот саем за вработување

Примарната цел на овој саем беше промоцијата на компаниите учесници, преку нивните претставници или промотивните материали или пак преку нивните иновативни производи, доколку постојат такви. Саемот испадна дека беше доста корисен од многу аспекти. Невработените лица или тие што веќе се во работен однос имаа шанса од блиску да се запознаат со понудите на компаниите учесници. Саемот беше карактеризиран со различни профили на фирми. Присутни беа компании што нудат различни услуги, почнувајќи од посредувачки  фирми, банкарски услуги, производствени или трговски/комерцијални фирми итн. Од друга страна работодавачите или компаниите имаа шанса од блиску да ја видат каква е ситуацијата во нашата земја, односно да го мерат пулсот на работната сила и нејзиниот квалитет.

Ваков вид на саем за прв пат се одржува во нашата земја. Се очекува до крајот на годината да следат уште седум слични во различни региони односно вкупно осум саеми за вработување. Тие што немаа можност да го посетат денешниот саем, ќе можат да ги посетат престојните. Стопанска Комора на Северозападна Македонија излезе задоволна од  денешниот саем, врз база на посетеноста на нејзиниот штанд. Нашата примарна цел останува иста, да ги промовираме и штитиме интересите на нашите компании членки. 

Comments are closed.