Се одржа петта седница на Управниот одбор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија
Петтата седница на Управниот совет беше предводена од Претседателот на СКСЗМ, на која присуствуваа и извршниот директор, како и членовите на Надзорниот одбор.
Oвој пат средбата се одржа во просториите на потпретседателот на Надзорниот одбор, г. Арбен Халили – во Комплекс Агротиризам лоциран во Шипковица.
Членовите на Управниот одбор беа информирани за тековните случувања во работата на СКСЗМ, вклучувајќи го и организирањето на годишното собрание и подготовките за престижниот настан Топ 100™ 2023. Исто така, се разговараше за некои клучни предизвици со кои се соочуваат бизнисите како и за наоѓањето на начини за нивното решавање.
СКСЗМ ги спроведува своите активности согласно Статутот и годишниот план на комората, а оваа 5-та седница на Управниот одбор успешно го заокружува третиот квартал од 2023 година.