Се одржа културно-бизнис манифестацијата: “Чаршијата и пријателите”
Оваа манифестација ги сплоти на едно место претставниците на бизнисите од земјава и регионот, претставниците од културниот свет, претставниците од владините и невладините институции, претставниците од дипломатските мисии во земјава, како и добронамерни гости и туристи, за да се промовира Чаршијата, како и да се подигне свеста на граѓаните за важноста и функционалноста на Чаршијата од економски аспект, поточно, подигнување на свеста за развој на семејните економии во Чаршијата, како извор на инспирација за новите генерации.
Манифестацијата започна со поздравните говори од претседателите на двете комори, Градоначалникот на општина Чаир, Амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Претседателот Косовскиот сојуз на бизниси, познатиот актер Висар Вишка. Сите тие зборуваа околу традицијата од најдревните времиња на Скопската Чаршија на претставување мост кој ги сплотува и одржува културите на различните етницитети, уметноста, традициите и трговијата меѓу Европа и Азија.
“Секој зборува на својот јазик. Тоа се јазиците на Скопската Чаршија, која го има одржано духот на мултикултурализмот и развојот на економијата. Треба да продолжиме да го храниме овој дух”, порача Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г. Мендерес Кучи.
Министерот за Економија, г. Беким Незири, како и Градоначалникот на Општина Чаир, г. Изет Меџити ја поздравија оваа манифестација и изразија подготвеност за поддршка на проектите од ваков вид и во иднина.
Потоа следеше прошетка низ Скопската Чаршија, каде присутните имаа можност да ги вкусат различните и мултиетнички вкусови, започнувајќи со традиционалната храна, изложба на слики, уживање во различни музички жанрови и на крајот, завршувајќи со личните пораки од уметниците од Македонија, кои достигнале успех и на светско ниво, но сепак се гордеат што пораснале, или барем поминале дел од својот живот на Чаршиската калдрма – Изет Цури, Сабина Ајрула, Решат Алити, Дуетот Јета Старова – Ермал Мехмети, Висар Вишка…
Ова е прва манифестација од овој вид која се организира во Скопската Чаршија, но ова е само почеток – веќе на крајот од годинава се враќаме со следната манифестација, во која ќе опфатиме нови идеи и предлози.
Comments are closed.