Се одобрува уште едно барање на СКСЗМ – Ограничување на максималната маржа за дистрибутерите на електрична енергија

Барањето на СКСЗМ за определување-ограничување на максималната фиксна маржа за дистрибутерите на електрична енергија до Министерството за економија беше прифатено и истото денеска на владината седница беше oдобрено.
На 25.08.2022 година, СКСЗМ испрати предлог мерки до Министерството за економија за надминување или ублажување на енергетската криза. Во тој допис СКСЗМ упати 11 предлози, меѓу кои беше и последниот, кој денеска помина на владина седница.
Заложбите на СКСЗМ продолжуваат да се одвиваат во креирањето на макроекономските политики и како таква Комората продолжува да го штити бизнисот и економијата воопшто, со што навремено упатувајќи ги забелешките и барањата на своето членство.