Home / Групации / ГБЖ - Групација на Бизнис Жени / Се одбележа меѓународниот ден на рурална жена

Се одбележа меѓународниот ден на рурална жена

Имајќи предвид дека овој ден се одбележува веќе седум години по ред веќе може да се каже дека веќе е создадена традиција за одржување на вакви манифестации. Годишната манифестацијата се одржа во општина Теарце и жените од овој регион имаа можност да ги изложат нивните традиционални јадења како и да се соочат со предизвикот, со оглед на тоа дека најдобрите јадења беа наградени со признанија.

Ваквите активности се организирани од Групацијата на жени претприемачи на СКСЗМ, веќе две години по ред а годинава безрезервна и во поддршка на општина Теарце и граданачалникот г-дин.Исен Асани.

Присутни на настанот беа претставници на групацијата на жени претпримачи што функционира во склоп на СКСЗМ, претседателот на СКСЗМ, г-дин.Мендерес Кучи, градачалникот на општина Теарце, г-дин. Исен Асани а почесниот гостин на настанот беше сопругата на амбасадорот на САД во Македонија, г-ѓа. Уолерс.

Во нивните обраќања сите го изразија истото мислење дека руралната жена не треба да се маргинализира во нашето општество, нејзината улога е многу значајна и дека полот или руралната зона не ја спречува да развие идеи или бизнес. Претседателот на СКСЗМ, г-дин.Мендерес Кучи истакна дека самото присуство на број на рурални жени на настанот, ја сведочува нашата волја и консидерација како општество за руралната жена и дека секој од нас треба да тргне од сопственото семејство и да ги поттикне кон перспективите жените, мајките или нашите сестри. После што беа експозирани производите и локалните јадења, одредена комисија за оценување во состав од г-дин.Мендерес Кучи, г-ѓа.Мери Џо Уолерс, г-ѓа.Мерита Рамадани и г-ѓа. Ќание Идризи ги оценија најдобрите јадења и доделија три признанија за жените што ги подготвиле истите.