Семинар на тема: “Наследството на семејниот бизнис”

       
       Повеќето мали бизниси во светот се семејни бизниси, и има многу случаи кога баш овие бизниси можат да станат многу важни глобални играчи во различни индустрии. Компаниите, како ИКЕА, Бенетон, Лего и многу други, ја почнаа нивната работа токму како семејни бизниси. И, тоа не е случајност, туку резултат на успешна деловна практика од една страна и внимателно планирање од друга страна.

        Овој семинар се однесува на овие мали бизниси, но не се исклучуваат и другите профили, како сметководители, адвокати, советници и други, кои  исто така се добредојдени. Учесниците ќе имаат единствена можност да ги комбинираат идеите и искуствата на професорите и гостите говорници на семинарот.

       Трите главни теми ќе играат голема улога за овој семинар да биде со посебен интерес, како што се карактеристиките и предизвиците со кои се соочуваат семејните бизниси (со фокус на пренесување на идните генерации), правни аспекти на семејниот бизнис и во однос на даночниот трансфер  кај идните генерации. Поголемиот дел од семинарот ќе биде преку предавања и анализа на конкретни случаи, индивидуално и во групи.

Професори ќе бидат д-р Вадњал Јака, од Универзитетот во Љубљана и д-р Марко Андонов, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

      Семинарот  ќе се одржи од 15 до 17 Мај 2012 година. Комплетната програма (која вклучува 9 часа) чини 21 000 денари, вклучувајќи ги материјалите од предавањата. На крајот на семинарот, учесниците ќе бидат во можност да разберат зошто семејните бизниси се разликуваат од другите бизниси, и ќе се здобијат со основни познавања за предностите и недостатоците, и како да ги поминат со добро планирање и решавање на конфликти.

Секој учесник ќе добие сертификат.

 

Краен рок за пријавување е 11 мај, 2012.

За сите дополнителни информации, посетете ја веб страницата: www.uacscfoe.com  или на телефон: 02/3239-252

 

Comments are closed.