Семинар за процедурите за учество во тендерите за јавни набавки на Обединетите нации
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), Сојузот на стопански комори и Стопанска Комора на Македонија, ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да земат учество на еднодневниот семинар на тема: „Постапки и процедура за учество на македонските компании по електронски пат во тендерите за јавни набавки на Обединетите нации”.
Семинарот ќе се одржи на 25 април 2013 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5.кат.
На семинарот, претставниците на координативното тело на Одделот за јавни набавки на Обединетите нации ќе ги претстават можностите за учество и регистрација на македонските компании во тендерите по електронски пат за јавни набавки на Обединетите нации.
Во прилог е листата на производи/услуги дефинирани од страна на Одделот за набавки на Обединетите нации наменети за учество на македонските компании:
– услуги во воздушен транспорт;
– хемиски и нафтени производи;
– оброци храна и кетеринг;
– монтажни објекти;
– моторни возила, резервни делови и транспортна опрема;
– опрема за електронска обработка на податоци и одржување;
– телекомуникациска опрема и услуги;
– услуги од архитектура, инженеринг и изградба;
– шпедиција и испорака;
– климатизација, греење и водовод;
– менаџмент и одржување на градби;
– безбедност и безбедносна опрема и услуги.
Сите производи и услуги подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави-членки на ОН, што претставува одлична можност за македонските компании да учествуваат на тендерите за јавни набавки на ОН.
За време на семинарот македонските компании ќе имаат можност да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите и бесплатно да се регистрираат по електронски пат на веб-страната на Глобалниот пазар на Обединетите нации www.ungm.org, со цел да учествуваат на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на Обединетите нации.
Во прилог се дадени критериумите за регистрација во Секретаријатот на Обединетите нации за набавки на Глобалниот пазар на Обединетите нации (UNGM- United Nations Global Marketplace) и се охрабруваат сите македонски компании да се регистрираат за првото ниво (“Level 1”) на добавувачи, бидејќи процедурата и подготовката на документација е поедноставна во однос на другите нивоа.
За да можат македонските компаниите да се регистрираат за првото ниво (“Level 1”) како добавувачи, истите ќе мора да пополнат on-line формулар за регистрација и заедно со другите барања да ги стават во својата апликација, дадена (во PDF формат) со нивната примена:
- пополнет и потпишан предуслов за подобност (Completed and signed Prerequisite of Eligibility form (attached);
- копија од сертификатот за основање на компанијата или бизнис-лиценца (Copy of the company’s certificate of incorporation/business license);
- листа на референци од 3 корисници со контакт – информации (List of 3 client references with contact information).
За време на семинарот ќе се дадат подетални објаснувања како македонските компании да се регистрираат електронски на веб-страната од Глобалниот пазар на Обединетите нации (UNGM- United Nations Global Marketplace).
За таа цел, ве молиме да носите свој лап топ на семинарот за да може да го следите процесот на on-line регистрација преку (wi-fi) интернет-конекцијата во Комората.
Обуката ќе биде англискиот јазик, со симултан превод од англиски на македонски јазик и обратно.
За успешна реализација на семинарот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес, преку пополнување на Пријавниот лист, даден во прилог.
Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, најдоцна до 15 април 2013 година на info@oemvp.org
Comments are closed.