Семинар:”Закон за безбедност и здравје при работа”

    Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и ДИТ (Државниот инспекторат за труд), на 09 Ноември 2012 година реализираa стручна тематска обука наменета за сите сектори.

  Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со основните минимални законски барања во областа на безбедноста и здравјето при работа, кои се однесуваат на нивната индустриска гранка и кои треба да се применуваат на работните места, како и запознавање со меѓународниот Систем за управување со безбедност и здравје при работа OHSAS 18001.

  Обучувачи на семинарот беа предавачи од Државниот Инспекторат на трудот, стручни лица од државните институции на Македонија, како и претставници од МЗЗПР.

  Сите учесници на обуката добија збирка на материјали со важечки законски прописи и важни документи од областа на БЗР во Македонија, брошура за OHSAS 18001, презентација за OHSAS 18001, а на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество.

Comments are closed.