Свечено отварање на саемот со мотото: “Промовирање на домашни производи и странски инвестиции”
На 20 април 2012 година, беше свеченото отварање на саемот со мотото: “Промовирање на домашни производи и странски инвестиции”, во организација на Стопанската Kомора на Северо – Западна Македонија и на Министерството за економија, по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и посетата на г-дин Бамир Топи.
На саемот, беа присутни шефовите на државите на Република Албанија и Република Македонија, г-дин Бамир Топи и г-дин Иванов, кои што официјално и го отворија саемот, министерот за економија г-дин Ваљон Сараќини, г-дин Изет Меџити, градоначалникот на општина Чаир, Рагми Мустафа, градоначалникот на Прешево, Џаудет Цакуљи потпретседател на Улцињ и Агим Шахини, претседател на КБА, како и претседателот на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, г-дин. Мендерес Kuчи. Исто така, на овој настан беа присутни и бизнисите од Република Македонија и соседните држави, кои ги претставија своите производи.
Пораката на овој саем беше: “Консумирајте домашни производи.”
Comments are closed.