Свечено отварање на компанијата МЕБИ ПРИМА

  Со поддршка на УСАИД Проектот за проширување на мали и средни бизниси денес  Тетово Пирок официјално е пуштен во употреба  компанијата Прима.

  Оваа компанија е првата компанија од ваков вид во регионот и пошироко во Полог, бидејќи негова главна активност ќе биде насочена кон собирање на  ароматични растенија (конвенционални и органски),  планинко овошје, печурки и лишаи. Гости на церемонијата на отворањето беа исто така претседателот на  СКЗСМ г-дин Мендерес  Кучи и извршниот директор Арбен Халили.  

   Претседателот Кучи, во својот говор,  го охрабри сопстевникот на компанијата  Г-дин Имерли Ајдин, за  новата иницијатива , истовремено обезбедувајќи поддршка од  Комората како релевантна институција која  ги претставува интересите на бизнис заедницата  во целина, не само од советодавни аспекти ,туку  исто така и можноста за проширување на потенцијалот на пазарот да ги апсорбира производите на оваа компанија.