Светските трендови како основа за зголемување на инвестициите во агро-бизнис секторот
23 април 2018 – Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатичка технологија и комуникација (МАСИТ), Сојузот на стопанските комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал денеска во Велес организираа економски форум на тема ” Инвестиции за долгорочен економски развој “.
На овој форум беа разгледани разни прашања поврзани со законската регулатива,програмите за поддршка, светските трендови како основа за зголемување на инвестициите фокусирани на агро -бизнис секторот.
Исто така, учесниците преку интерактивна дискусија дојдоа до заклучок за можностите за надминување на бариерите на инвестицискиот процес и подобрување на економската клима во земја.
Проектот е финансиран од УСАИД со цел да го поддржи економскиот раст преку олеснување на притисокот врз МСП, предизвикан од честите промени на законските правила и олеснување на примената на законите во Македонија.