Саем за Кариера „Универзитет Мајка Тереза“: Претседателот Qyra ја истакна важноста на локалната работна сила и запирање на миграцијата на младите од земјата
Денес, на 15.05.2024 година, на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа Саемот на кариера, важен настан за интеракцијата помеѓу универзитетите и компаниите од различни области.
На овој настан зеде збор и Претседателот на СКСЗМ, г-дин. Mendi Qyra, кој ја смета работната сила како клучен асет за земјата, изразувајќи ја одлучноста на Комората да се бори против миграцијата и заминувањето на работната сила од земјата. Тој ја истакна важноста на Саемот за Кариера како одлична можност за студентите да истражуваат компании и професионални профили каде што можат да изберат да ја градат својата кариера.
Исто така, Претседателот Qyra изјави дека СКСЗМ ќе продолжи да биде главен партнер на образовните и владините институции во борбата против миграцијата на младите, помагајќи да се изгради стабилна работна сила во земјата. Комората останува стоичка во барањето за зголемување на минималната плата на 30.000 МКД и намалување на придонесите на 32%, со цел да се подобри животниот стандард, да се зголеми ефикасноста во работата, што воедно ќе биде поттик за посилна конкурентност.
Претседателот исто така повика за една поблиска соработка меѓу образовниот и бизнис секторот, за продуцирање стручни кадри кои одговараат на потребите на пазарот на трудот. Тој го истакна и фактот дека според официјалните податоци, во Република Северна Македонија има 103,000 луѓе кои бараат работа, а од друга страна, недостигот од околу 25,000 слободни работни места не може да се пополни.
На овој саем беа присутни значителен број компании членки на СКСЗМ како: Даути Комерц, Нетинг, ЕВН, ЗСФ, Трим-Лум, Бе-Да Лоѓистик и Малиќи Груп, презентирајќи ги пред студентите своите активности и давајќи можности за практична работа и обезбедување директна перспектива за можностите што ги нудат компаниите.