Саем за кариера на УЈИЕ

Саемот го отвори Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, г-дин. Замир Дика, а говор одржа и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и Претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, г-дин.Мендерес Кучи.

Присутни со нивните штандови беа домашни компании, кои пред студентите ги претставија можностите за вработување и обука во нивните компании.
Претседателот Мендерес Кучи ја поздрави иницијативата на Центарот за Кариера за организирање на вакви саеми, веќе 10 години, посочувајќи го партнерството меѓу Универзитетот и СКСЗМ за успешна реализација на таквите активности. Тој истакна дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

Инаку, истражувањата спроведени од страна на Центарот за кариера за 2013 година покажуваат дека 48,97% од дипломираните студенти оваа година веќе нашле работа. Од нив 95,83% се вработени со полно работно време, 1,56% со скратено работно време, 1,04% се вработени во нивните сопствени бизниси или отвориле свои бизниси и 1,56% од нив се занимаваат со практична работа. Исто така, истражувањата покажуваат дека вкупниот број на дипломирани студенти, кои се уште не нашле работа е 51,02%, а дел од нив, или 21, 50% се невработени, затоа што така сами одлучиле. Така што вкупниот број на дипломирани студенти, кои не успеаја да најдат работа е 29,52%.По однос на сектори, според анкетите, вкупниот број на вработени во приватниот сектор доминира со 49,47% а во јавниот сектор вкупно 46,35% а 4.16% се вработени во други сектори.

Comments are closed.