Саем за кариера на УМТ – Извршниот директор г. Исени: СКСЗМ е мост меѓу бизнисот и академската заедница
Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија денеска беше присутна на „Саемот за кариера 2022“во организација на Центарот за кариера на Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје.Овој саем беше одлична можност за интеракција помеѓу универзитетот како и компании од различни профили од целата земја.
На саемот пред студентите и стопанствениците говореше директорот на СКСЗМ, г. Дриљон Исени кој истакна дека економијата била и ќе остане како главен елемент на секое општество чија цел е развојот. Меѓу другото тој истакна дека СКСЗМ во своите стратешки дефиниции ги има човечките ресурси како столб на секој бизнис, но и на економијата, промовирајќи го претприемништвото и преку него да се создадат услови и работни места за младите кои се иднината на оваа држава.
Тој ги повика студентите да го искористат овој саем за да се запознаат со нашите локални компании кои секојдневно се борат за стабилна економија, отвораат нови работни места станувајќи главен столб на нашата земја, како и инспирација за новите генерации да започнат свој бизнис и позитивно да влијаат на социо-економскиот аспект на земјата.