Саем за кариера на ДУТ
Присутни на Саемот беа институции, компании кои нудат работни места, практиканство и обука за студенти и дипломирани, како и организации и институции кои нудат стипендии, курсеви, обука, можности за студирање во странство, итн, кои се заинтересирани за регрутирање на успешни студенти.
Присустен беше и министерот за образование и наука, г-дин.Абдилаќим Адеми, Ректорот на ДУТ, Вулнет Амети,Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г-дин.Мендерес Кучи и раководителот на Центарот за кариера г-дин Шабан Арслани.
Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г-дин.Мендерес Кучи, истакна дека соработката помеѓу СКСЗМ или посредно бизнис секторот и Државниот универзитет во Тетово, продолжува да биде на соодветно ниво, и дека секогаш стоиме зад ваквите иницијативи, во улога на посредувачи со цел да создадеме услови за подобрување и проширување на можностите за нашите студенти и бизнисот од друга страна. Според него, врската помеѓу приватниот сектор и Универзитетот треба да започне со создавањето на образовните програми, т.е од средно училиште со цел да се задоволат потребите на компаниите, особено основните потреби за технички кадар.
Овој саем беше добра можност за размена на контакти, биографии и меѓусебно спознавање на студентите и работодавците, односно компаниите кои беа присутни со своите штандови.
Comments are closed.