Саем за градежништво “EXPO-VLORA 2014” – Валона, Албанија, 26, 27 и 28 септември 2014 г.
Саемот за градежништво “EXPO-VLORA 2014” се одржува по вторпат во градот Валона. Негова основа за успех е поширокото учество на изложувачи од разни области во индустријата на градежништвото, како и постигнување на силен маркетинг низ цела Албанија и пошироко.
Претходно овој индустриски сектор беше дел од разни саеми, но со подигнување на свеста кај компаниите за важноста на саемите како дел од маркетингот, микс промоцијата, но и како последица на зголемување на бизнисите во оваа индустрија и нејзината важност за економијата на земјата, се зголемија и барањата за учество. На тој начин, и овој сектор се оформи како профилиран саем.
Учесници на овој Саем ќе бидат фирми од индустријата на градежништвото.
Саемот ќе се одржи во Спортскиот дом „Фламуртари„ во Валона, на 26, 27 и 28 септември 2014 година, секој од овие денови од: 09.00 до 14:00 часот и од 17:00 до 21:00 часот.
За подетално да се информирате околу овој настан, може да се обратите на контактите подолу:
Адреса: Дом на културата, 2 кат
Тел.: +355 (0) 33 237 160
Моб.: +355 (0) 69 444 664
Е-маил: idea2group@hotmail.com
Comments are closed.