Саем за вработување денеска во Тетово
Со одлука на Владата и организација на Агенцијата за вработување, на 14 октомври започна првиот саем за вработување во Скопје. Понатаму караванот продолжи во Неготино, Штип, Охрид, Струмица, Куманово, Битола и завршува денеска токму во Тетово. Во нашата земја ваков тип на саеми се реализираат за прв пат и се очекува да бидат доста корисни од повеќе аспекти. Невработените лица или пак оние кои се вработени, имаа можност одблиску во форма на презентација или писмено да се запознаат со она што се нуди од страна на компаниите кои учествуваат во овој саем. Она што треба да се истакне е дека саемот беше карактеризиран од различни профили на компании. Присутни беа компании кои нудат различни услуги, посредување во бизнисот, банкарски услуги, производствени и комерцијални компании итн. Од друга страна, работодавачите или компаниите имаа можност да ја видат одблиску реалната слика во нашата земја, односно имаа можност да го измерат пулсот на работната сила и нејзиниот квалитет.
Саемот беше отворен од страна на Министерот за труд и социјална политика г-дин. Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување г-дин. Влатко Поповски.
Присутен беше претседателот на СКСЗМ, г-дин. Мендерес Кучи, градоначалникот на Општина Теарце г-дин. Исен Асани, како и заменик директорот на Агенцијата за вработување г-дин. Абдусамед Шабани. Претседателот Кучи во неговиот говор ја истакна значајната улога на ваквите иницијативи и истакна дека конечно се исполнети барањата на членките на СКСЗМ за одржување на саеми од овој вид, каде што они ќе го најдат соодветен кадар за работа.
Не радува фактот дека Карванот започна во Скопје и завршува токму во Тетово, а не во Охрид, бидејќи ова ни дава позитивен сигнал дека ќе имаме добри резултати.
Саемите се места каде што се среќаваат понудата и побарувачката. Компанитте членки имаат потреба од стручни кадри и се надевам дека денеска ова потреба нивна ќе се пренасочи токму кон оние кои бараат работа – истакна Кучи.
Comments are closed.