Home / Активности / Саемот “Недели на националниот бизнис 2012 во Улцињ”

Саемот “Недели на националниот бизнис 2012 во Улцињ”

           Организатори на овој саем се Косовската Бизнис Алијанца, Советот на Албанскиот Агробизнис, општина Улцињ, општина Прешево, општина Бујановац,  Стопанската комора на Северо – Западна Македонија и Комора за трговија и индустрија на Тирана.

          Саемот ќе се одржи во Големиот Молин (Мала плажа) со почеток во 19:00 часот. На официјалното отворање на саемот ќе присуствуваат г-дин. Агим Шахини , претседателот на Косовската Бизнис Алијанца, г-дин Енвер Фаризи, претседател на Советот на Албанскиот АгроБизнис, г-дин. Рагми Мустафа, градоначалник на Прешево, г-дин. Назиф Цунгу, градоначалник на Улцињ, и претседателот на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија, г-дин. Мендерес Kучи.

      Ве молиме потврдете го вашето учество најдоцна до 20.06.2012 (Среда), со праќање на списокот на стоки кои ќе бидат изложени од ваша страна. Споменатиот список ни е потребен за информирање на царината, со цел да се обезбеди полесен граничен премин   за сите учесници. 

 

За повеќе информации контактирајте не на:    Tel: 02/3239-252
 
                                                                        E-mail: fatima.vela@oemvp.org