Саеми во Истанбул, Турција
Стопанската комора на Северо – Западна Македонија во соработка со АДОНИС ГРУП и ТУЈАП ФЕРС, ве кани да го посетите 6-тиот традиционален меѓународен саем за храна и пијалоци- FOODIST , 2-иот Саем за уредување на хотели и ресторани- HORECA ISTANBUL 2012, 3-тиот Саем – PRIVATE LABEL PRODUCTS FAIR и 2-от Саем за продавници и маркетинг систем – MAMTECH ISTANBUL 2012.
Посета на саемот ќе биде организирана од 06.12 до 08.12.2012 година.
На саемот во делот на храна и пијалоци ќе видите:
-млеко и млечни производи, сирење, путер, салеп, крем,сладолед
-месо, живина, морска храна, риба, јајца
-ладење, замрзната храна, овошје, зеленчук, пецива, колачи
-брашно, пецива, тестенини, леб, колачи, торти
-слатки, чоколади, бисквити, бонбони, гуми за џвакање, џем, таан алва
-жито, ориз, леќа, наут, грав, растителни масла, маслинки и маслиново масло
-пијалоци, вода, овошни и зелунчокови сокови, овошен нектар, газирани пијалоци, чај, кафе, суво овошје, конзервирана храна, доматно пире, кечап, сенф, мајонез, сос, супи, чипс, житни култури
-пчеларски производи, храна за бебиња, еколошка природна храна, органска храна, адитиви за прехранбена индустрија и многу друго.
На саемот во делот на уредување на хотели и ресторани ќе видите:
-материјали и опрема за пекара, фрижидери и замрзнувачи, опрема за брза храна, мини барови, слаткарска опрема, машини за мраз
-мебел и текстил за хотели и ресторани, опрема за санитарии, декоративни материјали, ТВ системи, спортска опрема, градинарски мебел
-опрема за суво чистење, греење, ладење, противпожарна опрема, консултатски фирми, секторски здруженија и публикации.
Во делот на Private Label Products ќе видите:
-чистење и детергенти, машини за миење садови, цврст и течен детергент, индустриски производи за чистење, лична хигиена и козметички производи, производи за лице и тело, дезодоранси и спрејови, туш гелови, хигиенски производи за бебиња, тоалетна хартија, салфети, кеси за отпадоци, материјал за пакување, хартија, пластична амбалажа, стаклено пакување, метално пакување.
Во делот на продавници и маркетинг системи ќе видите:
-етикети, ваги и системи за мерење, внатрешно-отворен паркинг систем, системи за лифт, електронски врати, опрема за осветлување, автомати, опрема за ладење, материјали за пакување и др.
Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.
АДОНИС ГРУП организира превоз со автобус, сместување во реномиран хотел со 4 или 5 звезди од две ноќевања со доручек, трансфер од хотелот до саемот, влез на саемот со цена од 125 евра. Доколку посетителот сака да оди со сопствен превоз покрива само 45 евра за административни трошоци од човек.
Ги покануваме сите заинтересирани компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 16.11.2012 година.
За повеќе информации посетете ја веб страната www.foodistfair.com и www.horecaistanbul.com или контактирајте не на: fatima.vela@oemvp.org.
Comments are closed.