Република Турција овозможува здравствени сертификати за увоз на животни и производи од животинско потекло
АМБАСАДА HA РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА
-неофицијален превод на македонски јазик-
Бр: 2014/32698443-Ускуп БЕ/6766830
Амбасадата на Република Турција го изразува своето почитување кон Министерството за надворешни работи на Република Македонија и има чест да соопшти дека „Здравстените Сертификати за животни и производи од животинско потекло„ подготвени од страна на Министерството за Храна, Земјоделие и Сточарство на Република Турција, во контекст на регулирање на увозот на животни и производи од животинско потекло во Турција може да се добијат преку веб страната: http: //wvvw.tarim.gov.tr/Konular/Veteriner-Hizmetleri/Ihracat-Tthalat?Ziyaretçi=Ihracat-Ithalat, следејќи го линкот „Здравстевни Сертификати за Животни и Животински Производи,,.
Амбасадата на Република Турција ја користи и оваа прилика да го обнови своето најдлабоко почитување кон Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Скопје, 24 Јули 2014 година
Comments are closed.