Регионална конференција “Regional Invetment Promotion”

Во рамките на регионалниот проект на Western Balkan Fund , Трговско-Индустриската Комора на Косово во соработка со Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и Стопанската Комора на Црна Гора ја организираа регионалната конференција “Regional Invetment Promotion” која има за цел зголемување на регионалната соработка.

Претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа како панелист на тема „Коморите и предизвиците за поддршка на бизнисите“ истакна дека соработката меѓу земјите од регионот е повеќе од неопходна, имајќи предвид дека сите земји во регионот се соочуваат со слични проблеми.

Жално е што со сите овие кризи кои не зафатија во последните 2 години, не можевме да ги искористиме одличните односи, да разменуваме информации, стоки и услуги, а зошто да не и работна сила за да одржиме економска стабилност, како и донекаде да ја контролираме кризата и нејзините штети.

Меѓу другото, тој истакна дека како регион сме мали за да имаме толкава различност и толку многу некомпатибилност и ценам дека државите во регионот играат важна улога една за друга и токму поради оваа причина во иницијативите за меѓудржавна соработка а инклузивноста треба да е овозможена за сите.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е долгорочен промотор на инвестициите во Северна Македонија, базиран и на својата мисија да организира, унапредува, штити и промовира деловни интереси внатре и надвор од земјата, заедно со предизвиците на конкуренцијата. секогаш бараат можности за регионална соработка меѓу бизнисите и пристап до евроатлантските перспективи.