Реакција од СКСЗМ: “Институците да ги заштитат бизнисите. Заканувачите да се изведат пред лицето на правдата,,
На 24 мај, 2023, среда – Битола, му беа упатени закани по живот на бизнисменот Лирим Мерсими во исто време и член на Управниот одбор на СКСЗМ, во моментот кога споменатото лице сакало да го искористи земјиштето залепено до неговата фабрика, земјиште кое легитимно му припаѓа бидејќи согласно законот и сите предвидени процедури, му е доделено со концесија.
Насилството, оганизираниот криминал, нелојалната конкуренција и непочитувањето на законот не треба да ја карактеризираат нашата земја бидејќи тоа доведува до чувство на неизвесност и несигурност кај граѓаните и бизнисите дека се незаштитени , но и создаваат впечаток дека институциите не ја извршуваат својата функција и обврска кон општеството воопшто.
Овие фактори се двете главни мерачи на владеењето на правото во земјата, но и одлучувачи за економската иднина, истакнувајќи ги сите реални предиспозиции за водење бизнис.
Несфатливо е, сериозен инвеститор кој по редовна постапка го добил земјиштето со концесија, да не му биде дозволено да ги реализира своите проекти, и како тоа да не е доволно, да му се вршат закани по животот, додека институциите не преземаат соодветни мерки.
СКСЗМ остро го осудува ова злосторство и ги повикува институциите да реагираат соодветно и извршителите да излезат пред лицето на правдата, со цел да докажат дека законот и правото владеат во оваа земја.
Исто така, бараме од сите медиуми во земјата, како моќни партнери на граѓаните и интересите на земјата, да алармираат за овој случај и сите слични случаи кои ја оцрнуваат нашата земја и се наметнуваат на слободата која му припаѓа на секој човек во владеењето на правото и во демократската земја.
Стопанската комора на Северозападна Македонија, ќе ја заштити бизнис заедницата и бизнис климата во земјата, и покрај сите пречки и недостатоцина услови кои се присутни, со единствена цел, да ја подобрат социо-економската иднина на земјата.