Реакција за Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам
18 Јули 2018 – СКСЗМ денес одржа прес-конференција за Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот, каде што излезе со свои ставови по истражувањето спроведено од страна на секторот за Истражување и Анализа при СКСЗМ.
СКСЗМ ја оценува високо работата на државните институции за хармонизација на домашното законодавство со таа на Европската Унија, истовремено и транспонирањето на Директивата 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем со цел перење пари и финансирање на тероризам, и изразува поддршка и подготвеност за партнерство со државните институции на заедничкиот пат кон интеграцијата на земјата во Европската Унија.
Во духот на ова заедничко патување и важноста што ја имаат прописите на ЕУ, сметаме дека Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот кој стапи во сила на 7 Јули 2018 година кој треба да биде во согласност со горенаведената директива.
Предлагачот на законот (Министерството за Финансии) е определен за еден порестриктривен пристап за целите кон кои се стреми оваа директива. Тука се предвидува забрана за плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 2,000 Евра или повеќе, додека во Директивата истата забрана е определена во износ од 10,000 Евра или повеќе. Потенцијална опасност за перење пари претставуваат игрите на среќа каде што државите имаат обврска да превземаат мерки за анализа на клиентите за поединечни трансакции на износ од 2,000 Евра или повеќе. Со актуелниот закон приредувачите на игрите на среќа не се експорани кон овие правила што значи дека тие не се обврзани плаќањата на клиентите да ги вршат преку банкарски сметки.
Овој закон значително ќе донесе законодавни импликации и ќе влијае на деловното работење на бизнис секторите. СКСЗМ направи и анализа на законодавството на ЕУ и на земјите кандидати и таму јасно се гледа дека Македонија не се послужила со практиката на ЕУ, бидејќи таму максималниот износ на плаќање со готовина ја достигнува вредноста од 10,000 Евра. Ова драстично намалување од 15.000 на 2.000 евра ќе го отежнат правењето на бизнис во земјата. Овој наод е земен од основ на анкетата реализирана од Секторот за Истражување и Анализа во СКСЗМ, кадешто од резултатите, 86,7% од членките сметаат дека оваа промена на законот ќе биде штетен во областа на правењето бизнис. Додека се бориме за минимизирање на неформалната економија можеме да допринесеме до нејзино уништување, нешто што не е добро, што не е во интерес на земјата бидејќи значајно е неформалното да се направи формално и да се натпреваруваат на пазарот со сите други учесници и секако да ги плаќаат даноците, а не да се уништуваат.
Потешкотиите во примената на овој закон ќе бидат присутни и во делот на формализацијата на постапките за подготвување на проценките на опасностите што произлегуваат од перењето пари и финансирањето на тероризмот, мерките за анализа на клиентите и идентификација.
Проблематиката е присутна и во прекршочните одредби каде што се предвидени високи глоби, кои ќе бидат тешки и за големите компании, тргнувајќи од фактот дека кај нас поголемиот број од компаниите се мали, микро и средни. Ние препорачуваме: да се одложи примената на законот на неопределено време, да се консултираат бизнисите за вакви чувствителни закони за бизнис-екосистемот и да не се донесуваат закони со скратена постапка, да се направи детална анализа како истиот може да има влијание врз сите во реалниот живот, да се тренираат компаниите за новите измени кои ќе следат како резултат на транспонирањето на Директивата 2015/849 и да се информираат граѓаните и бизнисте како овој систем ќе функсионира.