Рамка за развој „МКД2030“ – Неби Хоџа: Поддршката на приватниот сектор неопходна за економски развој

Скопје, 27.04.2022 – Претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа беше дел од консултациите што се одржаа под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски, на кој истакнати експерти од областа на економијата и финансиите дискутираа за изработката на Рамката за развој „МКД2030“ која ги утврдува политиките кои треба да се постигнат до следната деценија со цел државата да стане подобро место за живот, работа и социјално-општествено активности.

Еден од приоритетите на овој документ е „Засилен економскиот развој“, на кој претседателот на СКСЗМ даде посебен акцент бидејќи поддршката на приватниот сектор и подобрувањето на деловната клима е предуслов за зајакнување на економскиот развој во РСМ .

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија е секогаш отворена за соработка со државните институции со единствена цел заштита на интересите на бизнисите и економскиот развој на државата.