Раководството на СКСЗМ одржа средба со Министерот за Здравство – за забрзување на постапките за извоз и увоз на детергенти.
Претставниците на СКСЗМ на оваа средба елаборираа дел од проблемите со кои се соочуваат локалните производители на детергенти и други слични производи, при што побараа брзо решавање на овие пречки кои се појавуваат при увозот и извозот на истите.
Министерот Меџити изрази подготвеност за отстранување на овие бариери, демонстрирајќи го високото ниво на соработка со СКСЗМ, како важен чекор кон исполнување на потребите на колективниот општествен интерес, за да придонесуват во овој проект.
Исто така, меѓу другото, се зборуваше и за капитални инвестиции кои имаат заедничка точка и бизнисот, но и Министерството за здравство, овие инвестиции кои во последните години се на незадоволителни нивоа кои не го достигнуваат ни прагот на стапките кои обезбедуваат раст и економски развој.
Улогата на Комората е да придонесе за подобрување на просторот на делување за бизнис, преку отворање на вратите за соработка со сите релевантни институции во државата.