Раководството на СКСЗМ на средба со Министерот за Економија и Труд: Дискусија за актуелните економски предизвици во државата и мерките што треба да се преземат за економски раст и развој

02.07.2024 година, Скопје – Претседателот Qyra, заедно со раководството на СКСЗМ и извршниот директор, одржа средба со новоименуваниот Министер за економија и труд, г-дин. Бесар Дурмиши.

На оваа средба се разговараше за новите мерки и политики за економски развој и подобрување на климата за водење бизнис во државата. Целта на средбата беше зајакнување на соработката и идентификување на заедничките предизвици.

Претседателот Qyra изрази загриженост за замрзнувањето на цените, нагласувајќи дека со оваа мерка е сериозно оштетена приватниот сектор и апелираше истото да не се повтори. Тој истакна дека Законот за солидарниот данок ги обесхрабрува компаниите да инвестираат и понатаму да се развиваат и дека предизвикува долгорочни последици за компаниите кои биле принудени да плаќаат големи суми.

Извршниот директор на СКСЗМ г-дин. Дурим Зеќири потенцираше дека Комората е подготвена за партнерство со сите релевантни фактори на економијата и дека истите треба да ја капитализираат Комората како институција, консултирајќи се за актуелните, но и за потенцијалните проблеми во РСМ.

Министерот за економија и труд истакна дека двете институции имаат заеднички интерес за развојот на приватниот сектор и дека нивната соработка ќе ги вклучи сите важни економски параметри, вклучувајќи не само трговската размена, туку и соработката во сите фази на подготвување закони, програми, стратешки документи и така натаму.

Состанокот заврши со заедничка заложба за продолжување на консултациите и работа во насока на подобрување на економската клима во земјата, со фокус на одржливиот развој на компаниите и создавање еднаква средина за сите бизниси.