Раководството на СКСЗМ го пречекa на работна средба Претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, г-дин. Христијан Мицкоски – Се дискутираше за економската платформа на Комората
30.04.2024 – Вторник, во просториите на СКСЗМ беа присутни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин. Христијан Мицкоски и неговиот кабинет, кои беа пречекани од Претседателот на СКСЗМ г-дин. Mendi Qyra и раководството на комората.
На средбата се разговараше за заедничките точки на платформите на двете партии, при што повторно претседателот Qyra ја истакна потребата од намалување на придонесите од платите, како важна мерка за зголемување на стандардот на граѓаните, но и за запирање на миграцијата и војна против неформалната економија.
Работната сила во целина продолжува да биде главна грижа на СКСЗМ, а на оваа средба се разговараше и за реформите во образованието и за различни закони поврзани со работната сила. Меѓу другото, се разговараше и за моделите предвидени од двете страни за реформи во јавната администрација која е пренаселена со вработени, за да се најде модел кој ќе овозможи нивно трансферирање во приватниот сектор.
Помеѓу многу точки што се дискутираа, се зборуваше и за градежниот сектор, урбанистичките планови, неработните денови, рамномерен регионален развој, сенародната вклученост на институциите, односно опфатот на целата територија со нивната активност итн.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин. Мицкоски го истакна значењето на партнерството со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, но и со другите комори, како важен елемент за вистински и одржливи реформи, имајќи ја предвид стручноста со која кореспондираат стопанските комори.
СКСЗМ продолжува да го поднесува своето барање за зголемување на минималната плата на ниво од 30.000 денари, а државата да не ги зголемува придонесите, туку да ги намали на 32% од нето платата. Како институција, не отстапила од заштита на интересите на граѓаните и бизнисите пред се, а со тоа и самоодржливоста на државата.