Home / Вести / Последни вести / Раководството на СКСЗМ во посета на инвеститорите во Куманово

Раководството на СКСЗМ во посета на инвеститорите во Куманово

Раководството на СКСЗМ во посета на инвеститорите во Куманово

Создавањето врски меѓу бизнисите од дијаспората и нашата земја е важно за двете страни, на овој начин дијаспората помага да се отворат нови работни места, да се зголеми извозот на производите што се произведуваат во земјата и да се придонесе за економски развој на земјата.

Претседателот на СКСЗМ, г. Менди Ќура, почесниот претседател г. Џемаил Даути и претседателот на собранието на СКСЗМ г. Назми Ејупи ги посетија компаниите Ambrella и Eu Bau кои дадоа пример со инвестирање во нивната земја по силно етаблирање на европскиот пазар, поточно во Германија и Швајцарија.

Целта на овaa посетa беше овие инвеститори од дијаспората да ја почувствуваат институционалната поддршка, како и да се запознаат со успесите и процесите низ кои минуваат овие компании.

СКСЗМ е силен поддржувач на албанската дијаспора и веќе неколку години лобира за институционализација и систематизација на дознаките од нашите сонародници во странство.

2