Раководството и членството на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија присутни на „Директорски појадок“
Претседателот на СКСЗМ г. Mendi Qyra како сопственик на компанијата TRIM&LUM, заедно со г. Зелќиф Бериша, потпретседател на СКСЗМ и сопственик на Силкапор, г-ѓа Александра Шкемби од Уника Лајф, г. Сами Мустафа од компанијата Амбрела, г. Билал Сучубаси од компанијата Халкбанк, г. Волфганг Мајерг од компанијата ЕВН, г. Арбен Абдурахмани од компанијата Везе Шари и г. Бранко Грегановиќ од НЛБ Банка беа присутни на директорскиот појадок во рамките на Клубот на одговорни бизниси.
Се разговараше за важноста на лидерството за одржливост и потребата од консолидирање на влијанието на компаниите, приклучувајќи се на Клубот на одговорни бизниси, како платформа во која компаниите ќе можат да ги зајакнат своите капацитети во однос на општествената одговорност и придонесот во заедницата.
На овој настан беа елаборирани теми поврзани со миграцијата или бегството на работната сила од земјава, тема на дискусија што ја отвори претседателот на СКСЗМ, г. Qyra, исто така се дискутираше и за подигање на свеста, инвестирање во квалитетно образование, кое нуди повеќе можности за младите, како и заштита на животната средина.
Во својот говор г-дин Qyra истакна дека треба сериозно да се испитаат предизвиците со кои се соочува нашата економија, особено во однос на бегството на работната сила. Нашата цел како Стопанска комора веќе една година е да ја водиме дискусијата за ова важно прашање. Северна Македонија моментално се соочува со загрижувачка ситуација, се зголемува бројот на млади кои ја напуштаат земјата за да најдат работа во други земји, додека нашите компании се соочуваат со недостиг од работници.
Компаниите членки на Комората докажаа дека се подготвени да се приклучат во вакви иницијативи и дека компаниите кои со себе носат корпоративна општествена одговорност како и добрите филантропски практики се моторот што ги води бизнисите кон успех.
Настанот е дел од проектот на УСАИД Северна Македонија „Партнерства за донирање“ спроведуван од Konekt во партнерство со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Европскиот центар за непрофитно право, ИндиГо и AmCham North Macedonia.