Раководствотото на СКСЗМ се сретна со Министерот Бектеши, се разговараше за економскиот развој и соработката помеѓу двете институции

29.08.2023 година, Скопје – Претседателот г-дин Менди Ќура заедно со раководствотото на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија го пречека на состанок министерот за економија на РСМ г. Крешник Бектеши, каде темите на дискусија  беа различни, но со посебен акцент  беа конкурентноста, борбата против монополот, унапредувањето на претприемништвото и зачувувањето на работната сила во земјата.

Претседателот Ќура истакна дека соработката меѓу институциите е важна и дека само така може да се решат проблемите на приватниот сектор, со цел да се постигне задоволително ниво на слободен пазар, инклузивен за сите.

Исто така беше истакнато дека, треба да се стават во функција различните комисии за  мониторирање во земјата, вклучувајќи ја комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се запре нелојалната конкуренција која предизвикува неправедна доминација во пазарот, со што ќе се поттикне економска активност во слободниот пазар.

Министерот Бектеши истакна дека ќе иницира меѓусебна соработка и на барање на извршниот директор г-дин Зеќири, се согласи да се ревитализира меморандумот за соработка потпишан пред неколку години.

Министерот Бектеши го покани СКСЗМ за активно учество во составувањето на различни мерки и стратегии на државата, најавувајќи за мерки и проекти кои ќе помогнат во развојот и економскиот раст на нашата земја.

Меѓу другото, Претседателот Менди Ќира го потенцира ставот на СКСЗМ против законот за солидарност, можностите за избор на статусот на областа Визбег, помошта на угостителството и туризмот, изборот на проблемот со недостигот на работна сила и така натаму.