„Различноста е во мода- промоција на мултикултурализмот на локално ниво“
Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) во партнерство со Мултиетничката асоцијација
Флоренс Најтингел и Стопанската комора на Северо Западна Македонија започна со
спроведување на проектот „Различноста е во мода- промоција на мултикултурализмот на локално ниво“.
Општа цел на проектот е: Подобрување на меѓуетничките односи и зголемување на
мултикултурната демократија на локално ниво.
Имплементацијата на проектот ќе започне со Информативен настан во рамките на кој покрај
промоција на проектните цели и активности, преку потпишување на Меморандуми за соработка
ќе биде официјализирана и соработката со деветте вклучени општини (Гостивар, Тетово,
Куманово, Кичево, Струга, Брвеница, Врапчиште и Јегуновце). Понатаму, проектот ќе продолжи
со подготовка на анализа на прогресот од имплементација на локалните стратегии и посебните
политики поврзани со интеграцијата на етничките заедници, меѓуетничките односи и
меѓукултурниот дијалог. Со цел споделување на наодите од проценката и развивање на
препораки за локални мултикултурни политики во секоја вклучена општина ќе бидат
организирани jавни дебати.
Во секоја проектна општина ќе биде формирана локална целна група на која ќе учествуваат
претставници на локалната самоуправа и нејзините тела, локални граѓански организации, бизнис
заедница и медиуми која ќе има улога на дискусиона група во рамки на која ќе се разговараат
можните начини на унапредување на мултикултурниот соживот.
Во општините Куманово, Струга и Маврово – Ростуше на париципативен начин со различни
вклучени релевантни локални чинители во општините ќе бидат подготвени Стратегии за
подобрување на меѓукултурното разбирање. Ваквиот процес на подготовка на Стратегии за
подобрување на меѓукултурното разбирање АДИ го има реализирано во минати проектни
активности и во општините Гостивар, Тетово, Кичево, Врапчиште, Брвеница и Јегуновце.
Преку трите обуки за мултикултурализам ќе се зајаканат капацитетите на претставници на
локалната самоуправа, Комисии за односи меѓу заедниците, локални граѓански организации и
медиуми од Куманово, Струга и Маврво – Ростуше. Подготвената брошурата за Мултикултурно
Планирање, која во улога на водич ќе има за цел обезбедување на насоки кои во процесот на
планирање локалните политики ќе обезбедат вклучување на културната диверзификација и
инклузија на различните етнички заедници.
Проектот ќе продолжи со суб-гранитирање на локални граѓански организации кои ќе спроведат
акции наменети за подобрување на интер-етничките односи, а дополнително во иста насока ќе
биде реализирана и кампања.
Проектот ќе се реализира во периодот јануари 2016 до јуни 2018 година. Со вкупен буџет од
€ 277390,64 и е поддржан од Европската Унија.