Home / Вести / Последни вести / Работна средба со Амбасадорот на САД

Работна средба со Амбасадорот на САД

На 04 Декемврри 2013, блиското раководство на СКСЗМ предводена од претцедателот Мендерес Кучи во просториите на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, реализираа работна средба со Амбасадорот на САД во Република Македонија, г-дин Паул.Д.Вохлерс.

 Средбата се реализираше со раководните структури на Комората, а целта на средбата беше запознавање од блиску на Амбасадорот на САД со активностите на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, нејзиното функсионирање, и идните планирани активности. Исто така, како тема за дискусија беше и идентификација на заедничките можности за меѓусебна соработка помеѓу СКСЗМ и Амбасадата на САД во Македонија во промовирање на можностите за соработка  меѓу компаниите членки на СКСЗМ и потенцијалните компании од САД за инвестирање во Македонија.