Работна средба помеѓу СКСЗМ и Универзитетот во Тетово: Соработка за економски развој и професионална подготовка
28.05.2024, Скопје – Во просториите на СКСЗМ, претседателот Qyra и членките на Управниот одбор одржаа работна средба со ректорот на Универзитетот на Тетово, проф. Др. Јусуф Зејнели.
На оваа средба се разговараше за повеќе теми поврзани со економските случувања, идните предизвици и перспективи на нашата земја, потребите на пазарот на трудот, како и продлабочувањето на соработката помеѓу образовните институции и бизнис секторот со цел продуцирање соодветен кадар, исто така да се бори против миграција на младите во странство.
Претседателот Qyra изјави дека СКСЗМ ќе продолжи да остане главен партнер на државните институции, како и на образовно-научните, сметајќи ја работната сила како важна вредност за земјата и подготвувајќи ја за да може да се соочи со предизвиците на пазарот на трудот.
„Ние како Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија ќе продолжиме да се ангажираме во изнаоѓање иновативни и долгорочни решенија за предизвиците од недостатокот на работна сила во РСМ. Преку соработка и заедничка одлучноста ќе и овозможиме на нашата земја да создаде стабилна економија со стабилен пазар на труд кој ќе овозможи напредок и визија на вредните бизнисмени во земјата“, рече претседателот Qyra.
Исто така, се зборуваше и за образовни реформи, ажурирање на наставните планови и програми како и суштински реформи во администрацијата во служба на подобрување на деловниот екосистем во земјава.
Ректорот на УТ проф. Др. Јусуф Зејнели истакна дека ја цени посветеноста и интересот на бизнис секторот за подигнување на нивото и квалитетот на образованието во земјава и истакна дека најдобар и главен партнер на ова патување е Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија.
На оваа средба разговараа сите присутни членки на СКСЗМ и извршниот директор.СКСЗМ, и државните институции и образовно-научните институции тесно ќе соработуваат на креирање заеднички програми кои ќе ги подготват студентите за предизвиците на пазарот на трудот, обезбедувајќи младите да имаат подобри можности за професионален развој во земјата.