Работна седница на Националниот Совет за Претприемништво и Конкурентност

Националниот Совет за Претприемништво и Конкурентност на Македонија. денеска ја одржа шестата средба, во која беше разгледано и усвоено заедничкиот план за имплементација на пакетот мерки за подобрување на конкурентноста во Република Македонија. 

Овој план, таканаречен Мастер план, содржи 32 мерки во форма на предлози, кои Националниот совет ги одобри во претходната средба, одржана во февруари годинава. Овие мерки, беа поднесувани и разгледани од страна на Владата и беа целосно прифатени, а денес под претседавање на Вицепремиерот за економски прашања, како претседавач на Советот, беа презентирани и дискутирани.

Усвоени се вкупно 32 мерки кои се поделени во 9 области, меѓу кои се вклучени мерки кои имаат за цел да ги намалат трошоците на малите и средните компании, зајакнување на финансиските инструменти за пристап до капитал, поврзување на локалните компании со странските инвеститори, формирање на фонд за развој на вештини на вработените во локалните компании, поддршка за големите компании од Македонија и изработка на модел за Гринфилд инвестиции, промоција и наградување на компаниите кои вработуваат повеќе работници на годишно ниво. 

Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Мендерес Кучи, смета дека во овие мерки се сублимирани барањата на СКСЗМ, имено, барањата на бизнис заедницата. Во рамки на мерките насочени кон зголемување на конкурентноста, Кучи посочи одредени закони и казнени политики во таа насока, со што тој побара од Владата, преку овие мерки да се стави акцент и ред кој нема да потикне нелојална конкуренција меѓу компаниите.

Неколку пати се споменува, дека казните треба да бидат пропорционални на големината на бизнисот, но досега ништо конкретно не е направено во овој поглед. Овие казнени политики, предизвикуваат голема штета за малите и средни компании и се енормно штетни за конкурентноста на овие компании на пазарот. Покрај тоа, тој предложи да се разгледат едукативни мерки, кои можат да бидат превземени во оваа насока, кои ќе придонесуваат да се намали сивата економија во земјата и поуспешно менаџирање на претпријатијата.

Дополнително, тој коментираше и за мерките кои се однесуваат на развојот на образованието, евалуација на најдобрите студенти, нивното поттикнување и наградување, итн. Според него, Шангајската листа за рангирање на универзитетите, не треба да биде земено предвид, бидејќи во секој универзитет има студенти кои се доста успешни, и не треба да дозволиме да бидат маргинализирана овие студенти од една листа, која според него не содржува некое квалитативно оценување.

Претседавачот на седницата, вицепремиерот Пешевски, истакна дека не заостануваат и мерките за унапредување и заштита на правата од интелектуална сопственост, специјален пакет на мерки за стратешки проекти за инвестирање преку подобрување на квалитетот на патната инфраструктура и железничкиот транспорт, како и мерки од областа на образованието, за формирање на слободни економски зони за истражување и развој на домашни и странски компании, мотивација да учат во дефицитарни насоки и поддршка на  најдобрите студенти.

За дел од мерките, односно проекти кои се вклучени во овие мерки, постои голема можност, средствата да бидат обезбедени од страна на програмите за претпристапна помош ИПА за периодот 2014-2020 (ИПА 2), односно за конкурентност и иновации, што во целост ги кординира Кабинетот на вицепремиерот Пешевски, а се предвидени и ИПА проекти за зајакнување на капацитетот на Извршната канцеларија и на Советот.

Членови на Советот се претставници на стопанските комори, деловни асоцијации, бизнис-здруженија, образовни и експертски здруженија и факултети. Главната цел е да се поттикне дијалогот меѓу Владата и бизнис заедницата и да се промовират идеи и начела,  кои ќе и овозможат долгорочен и одржлив економски развој на Република Македонија.

Основањето и работата на Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Република Македонија е поддржано од  Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот.

Comments are closed.