Работната сила приоритет на економијата – СКСЗМ во саемот на кариера во УЈИЕ
Работната сила е еден од најважните аспекти на економијата имајќи предвид дека побарувачката од ден на ден се зголемува, додека младата работна сила продолжува со брз тренд да ја напушта земјата и да бара работа во другите европски земји.
Универзитетот на Југоисточна Европа организираше саем за кариера каде беше присутна и СКСЗМ, на кој беше претставена работата на Комората и студентите беа запознаени со нејзините активности и можности за вработување или практичен ангажман.
Меѓу другите, на саемот беа присутни многу компании членки на СКСЗМ, но и ново основани компании кои изразија подготвеност за соработка и зачленување во СКСЗМ.
Одржувањето на работната сила во земјата преку отворање на нови работни места е еден од најголемите приоритети на СКСЗМ, но и соработката со образовните институции за да се елиминира секој јаз помеѓу побарувачката, понудата и на тоа каков кадар произведуваме ние како општество.