Работилница на тема: “Поедноставена царинска постапка, Е-Царина и ТИР-ЕПД

  Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ – SIZ Македонија ИХД организираа работилница каде ги презентираа темите поврзани со олеснувањето на царинските процедури и можноста отворено да се дискутира со претставниците од Царина за актуелните прашања со кои се соочуваат нашите компании членки во нивната секојдневна работа.
  Исто така беа презентирани активностите на АМЕРИТ во однос на олеснување на работата на транспортните компании и испраќање на електронски пред-декларации.
  Работилницата се одржа во амфитеатарот на Тетовскиот Државен Универзитет во Гостивар на 04 Септември 2013 година.

Comments are closed.