Работен состанок со Чип Демпси

 

           На 03 мај 2012 година, г-дин. Чип Демпси ја посети Стопанската Kомора на Северo – Западна Македонија. Како тема на дискусија на овој состанок беше иницијативата за заедничката инвестиција и пристап до пазарите во развој.

          Чип Демпси, е извршен директор на Principal Strategic Investments, и независен консултант, ангажиран во проекти за развој на бизнисот (советување и извршување на меѓународната експанзија) и капитален консултант (стратешки информации и насочување на стратешки инвеститори). Чип исто така има придонесено за публикациите на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (УНКТАД), Swiss Futures и Options Association (СФОА).

        Исто така, е чест учесник во дискусија и говорник на меѓународни конференции од Букурешт до Шенжен.
Како висок заменик претседател на SunGard Future Systems, ЦЌГ и The Clearing Corporation, тој ја менаџирал и зголемил глобалната продажба, како и развојот на бизнис стратегијата.

Системската поддршка на малите бизниси, јакиот финансиски пазар, и поагресивните ризични капитални вложувања може да ја покренат економијата во нагорна линија, рече Чип Демпси.

 

                 

          Според податоците што тој ги има за Македонија, реален е проблемот со кој се соочуваат домашните компании со намалениот степен на ликвидност особено во услови кога државата се јавува во улога на бизнисмен и обезбедува голем дел од работата за домашните компании. 
Доколку бидат исполнети посочените фактори надополнети со процесот на иновативност ќе следи процес на отворање нови бизниси. Искуството во Америка е дека нови работни места може да генерираат исклучиво новоформирани компании.

         На оваа средба присуствуваа претставници од најголемите компании во Република Македонија и другите економски субјекти, кои  имаа можност да постават прашања и да дискутираат за различни проблематики.