ПУМ – професионална помош од претприемачи и холандски експерти
Холандија преку владинaта непрофитабилна организација ПУМ, обезбедува стручна помош од претприемачи и холандски експерти за албанскиот бизнис во Република Македонија. Целта на овој проект е да им се помогне на сите мали и средни претпријатија за полесно вклопување во Европските конкурентни пазари. Оваа помош се остварува преку одобрени проекти во две фази.
Во првата фаза, обезбедени се високи експерти со долгогодишно искуство во различни области или според потребите, кои ги нема на локалниот пазар, додека во втората фаза се поврзуваат локалните бизниси со оние на Холандија во различни облици, почнувајќи од соработка до заеднички инвестирања или извоз на европските пазари, имено во холандскиот пазар.
Овој проект е бесплатен, така што со ова ПУМ ја покажува својата сериозност во намерата да им помогне на претпријатијата наведени погоре. По посетата на експертот за стручна помош, корисникот има право да ја посети ПУМ во Холандија, каде ќе бидат организирани посети на претпријатија во Холандија, а трошоците ќе ги сноси ПУМ.
ПУМ организацијата е присутна во сите континенти, во земјите со неразвиени економии и досега има голем успех во иницирањето на разни бизниси во сите области на производство, како услуги, земјоделството, сточарството други.
Со други зборови, обезбедуваат помош во било која земја каде што нешто се произведува за пазарот и има потреба од стручна помош. Сметаме дека целта на ПУМ проектот се нуди во вистински момент гледајќи ги ефектите од глобалната рецесија, особено со оглед на тоа дека овој проект е концентриран во определен бизнис простор во Република Македонија. Затоа, за споменатите бизниси, ПУМ активноста е добар прилика за користење на професионалните ресурси.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.pum.nl.
или на телефон 02 3239-255, моб:. 078 355 362