Промоција на проект „Различноста е во мода – промоција на мултикултуралимзот на локално ниво“
07 Април 2016 – Стопанска комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Асоцијација за демократски иницијативи и Мултиетничката асоцијација Флоренс Најтингел го промовираа проектот „Различноста е во мода – промоција на мултикултуралимзот на локално ниво“.
На презентацијата на проектот се истакна дека истиот вклучува јакнење на капацитетите на локалните власти, поддршка во подготовката и усвојувањето на стратегии за подобрување на меѓукултурниот дијалог во општините Куманово, Струга и Маврово-Ростуше кои претставуваат институционализиран механизам за сите клучни чинители на локално ниво за нивен континуиран ангажман во подобрувањето на меѓукултурниот и меѓуетничкиот дијалог. Проектот, исто така ќе ги поддржи локалните граѓански организации во спроведувањето на активности кои имаат мултикултурен предзнак.
На промоцијата на проектот свое обраќање имаше и Првиот Извршен Директор г-дин Албер Муслиу и шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ г-дин. Мартин Клаук ги поздрави присутните гости и искажа поддршка кон активностите кои ја јакнат соработката на етничките заедници во земјата. Градоначалничката на Тетово г-ѓа Теута Арифи како и Градоначлникот на Маврово-Ростуше г-дин. Мукрем Мехмеди дадоа поддршка на проектот и се осврнаа на активностите кои локалната власт ги презема во унапредувањето на меѓуетничките односи.
На настанот присуствуваа градоначалници, претставници на локалните самоуправи, членови на Советите, членови на Комисиите за односи меѓу заедниците, локални граѓански организации, државни институции и медиуми.
Проектот го реализира Асоцијација за демократски иницијативи во партнерство со Мултиетничката асоцијација Флоренс Најтингел и Стопанската комора на Северозападна Македонија, а истиот е поддржан од Европската Унија.
Comments are closed.