Во рамките на новиот пакет на услуги за трансформација на бизнисите во зелени бизниси, СКСЗМ продолжува со потпишување на меморандумот за соработка со својата членка и спонзор, Стопанска банка.
Оваа иницијатива има за цел да ги поддржи компаниите во подобрување на енергетската ефикасност и придвижување кон одржливи практики, зголемувајќи ја нивната конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар.
Преку ова партнерство, членките на СКСЗМ ќе имаат пристап до кредити со поволни каматни стапки, овозможувајќи развој и реализација на иновативни проекти во областа на енергетската ефикасност, продлабочувајќи ја соработката помеѓу приватниот сектор и финансиските институции. Меѓу друго, СКСЗМ и Стопанска банка ќе ги поддржуваат микро, малите и средните претпријатија за време на процесот на аплицирање за финансирање.
Оваа иницијатива е дел од грант проектот на СКСЗМ „Зелени бизнис лидери“ ©, кој се спроведува во соработка со Менаџмент Консалтинг Асоцијација – МКА 2000 како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од УСАИД и имплементиран од Консалтинг за Стратешки Развој.





