ПРОЕКТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ И ГЕНЕРИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНОСТ
Проектот се реализираше во рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2007-2013, втор повик, во заедничка соработка со ПРЕДА Плус и 2 партнерски организации од Албанија: Спринт Фондација и АНТТАРК Фондација, и двете од Тирана.
Општа цел на проектот е промоција на партнерството меѓу разните локални владини институции, образованите институции, младинските организации и приватниот сектор од двете страни на границата, со цел постигнување на општествена кохезија кај младата генерација преку образованието и вработувањето.
Специфични цели на проектот се: овозможувањето на можности за младите за да учествуваат во економскиот и општествениот живот во двата региона, олеснувајќи го пристапот на младите кон работната средина; подобро разбирање на клучните елементи на способностите за вработување и здрав развој на бизнисот и заеднички прекугранични платформи за реципрочна посветеност за да им се помогне на младите.
Целни групи на проектот се: Образовниот систем од двете страни на границата, каде ќе се опфатат: Универзитетите или системот за средно образование; и Канцелариите за вработување во двата региони.
Главни активности: 1. Собирање на релевантни податоци за образованието и вработувањето на младите. 2. Анализа на трендовите на вработување според спецификите на двата региона со значење за младите и потенцијалните иницијативи за вработување и бизнис, 3. Публикување на извештај со наоди и организирање на две работилници за градење на капацитети со клучните актери во проектот. 4. Четири обуки за вештините за вработување, за тимска работа, решавање на проблемите, планирање и организирање, менаџмент, за иницијативи и претприемништво. 5. Организирање на меѓурегионален саем за вработување и публикување на платформата на мрежата за вработување. 6. Организирање на обуки за работодавачите од ЈЗПР.
Времетраење на проектот: проектот се имплементираше во периодот од април 2013 до август 2014.
Во рамките на проектот, СКСЗМ ги реализира следниве активности:
– Состаноци помеѓу партнерите, во Албанија (Тирана, Тушемиште и Пешкопеја) и Македонија (Скопје, Дебар и Струга).
– Прва работилница во Дебар, за презентација на проектот пред заинтересираните страни и соработници, 18 јуни 2013
– Теренска анализа на трендовите за вработување во Југозападниот плански регион (ЈЗПР) на Република Македонија (период јуни – октомври 2014)
– Втора работилница во Дебар, за презентација на наоди од анализата на проектот, 15 ноември 2013
– Публикација на документот: Анализата на економијата на ЈЗПР и можностите за вработување (400 двојазични копии, македонски и албански), јануари 2014
– Трета обука за млади невработени лица: Обука за иницијативи и претпријатија, Крушево, 22-26 април 2014
– Четврта обука за млади невработени лица: Обука за бизнис планирање, Крушево, 12-16 мај 2014
– Саем на работодавачи во Дебар, 11 јуни 2014.
Дополнително, во рамките на проектот беа реализирани и следниве активности:
– 2 прес конференции во Дебар, во мај 2013 и август 2014.
– 2 обуки за работодавачите во ЈЗПР, во 2014 година, во Дебар и Струга
– Прва обука за млади невработени лица: Обука за тимска работа, решавање на проблеми и организациона поставеност, Струга, март 2014
– Врора обука за млади невработени лица: Обука за вештини за вработување) човечки ресурси, комуникациски вештини и како да му пристапите на пазарот на труд, Струга, април 2014
– Изработка на веб портал за спојување на понудата / побарувачката на работна сила http://jobs.oemvp.org/.
Во имплементација на проектот беа вклучени следниве субјекти:
Стопанска Комора на Северозападна Македонија (водечка организација) www.oemvp.org
ПРЕДА Плус Фондација (партнер) www.predaplus.eu
СПРИНТ Фондација (водечка организација, Албанија) www.sprintmmc.com
АНТТАРК (партнер, Албанија) www.anttarc.org