Продолжува партнерството помеѓу компаниите членки на СКСЗМ и УЈИЕ
Компаниите членки на Стопанската Комора на Северозападна Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа денес, на 9-ти јули 2014 година, потпишаа Договор за партнерство за продолжување на реализацијата на интегрираната студиска програма насловена: „Современо управување на претпријатијата„
На почетокот, ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика ги поздрави присутните, истакнувајќи дека го започнуваме месецот со убав настан, како што е продолжувањето на Договорот за соработка со компаниите членки на СКСЗМ, во рамките на интегрираната студиска програма: „Современо управување на претпријатијата„. Тој ја изрази својата убеденост во ефективноста на нејзината реализација.
”Со оваа Програма се отвора нова перспектива за студентите да можат да ги завршат студиите на нашиот Универзитет, за да го обезбедат работното место, од една страна, како и за самите компании, бидејќи тие во иднина ќе добијат соодветен персонал за бизнисот кој го развиваат”, изјави Ректорот Дика.
„Досега државните механизми беа исполитизирани и ние досега не сме имале можност да делуваме, додека сега преку оваа Програма, ќе им помогнеме на компаниите, но и на студентите, во иднина да добиеме квалитетен кадар за подобар економски развој. Универзитетот на Југоисточна Европа и компаниите, заедно со Стопанската Комора на Северозападна Македонија ја имаат сфатено идејата и важноста од создавање подготвени кадри во областите каде пазарот има покажано потреба, изјави Претседателот на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, г. Мендерес Кучи.
Тој истакна дека овој Договор ја официјализира соработката која е почната од порано помеѓу СКСЗМ и УЕЈЛ.
Поздравен говор имаше и претставничката од Германската амбасада која беше поканета како експерт за интегрирана студиска програма.
Во текот на церемонијата, одржа презентација и Фатих Мици, студент, кој ги подели со присутните придобивките како и своите впечатоци од оваа програма, како и за неговото искуство како студент од првата генерација студенти во рамките на оваа програма.
Денес се потпиша Договор за соработка со компаниите: Даути Комерц, НД Балкан, Алма-М и Везе Шарри, како компании кои директно се вклучени во поддршка на програмата преку обезбедувањето стипендии за студентите.
УЈИЕ веќе неколку години развива и негува плодна соработка со СКСЗМ, особено со компаниите кои се членки на СКСКЗ.
Comments are closed.