Продолжуваат обуките во општина Сарај

  По успешното завршување на обуките во Полошкиот и регионот на Струга, со околу 50 обучени жени, обуките продолжуваат во Скопскиот регион, односно во општина Сарај, вклучувајќи жени и девојки од општина Чаир, Арачиново и Сарај. 

  Проектот за обука на жените за да бидат конкурентни на пазарот на трудот, се спроведува од страна на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Здружението за локален рурален развој и Агенцијата за регионален развој Сенец – Пезинок од Словачка, и се обидува да го зголеми бројот на жените кои ќе бидат способни за отпочнување на бизнис или да го унапредат веќе започнатиот бизнис, презентирајќи успешни модели на жени во бизнисот со единствена цел да се зголеми присуството на жени претприемачи и сопственици на бизнис. Овој проект има за цел да им помогне на жените во бизнисот, за тие да ги поминат табуата дека жените не можат да водат бизнис како мажите.

Обуките во општина Струга

  Жените кои имаат свои бизнис идеи, и практично ќе им се даде можност да погледнат одблизу како се води успешен бизнис, со реализација на практична работа во фирмите на нашите членки.
    Информирање на жените за: пазарната економија, за маркетингот и начинот на претставување кога бараат работа,  вклучувањето на жените во економскиот тек, придонесите кои можат да бидат дадени во семејниот буџет, се главните цели на овој проект.
    Факторите кои влијаат врз социјалното вклучување и присуство во политичкиот, економскиот и јавниот живот на жените, се многубројни. Недостатокот на можностите за вработување, недостаток на слободни работни места и економската зависност, се главните причини зошто толку многу жените не се вработени, но жените од оваа општина дома реализираат рачно изработени производи од текстил и други материјали, кои се далеку од пазарот и јавната презентација.   

  Преку овие обуки на проектот “Едукација, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници”, Стопанската Комора на Север-Западна Македонија се обидува да ја зголеми довербата кај жените за нивната вредност и квалитет, и можноста да постигне заработка со активно вклучување во финансискиот и економскиот тек, и промовирање на производите направени од страна на жените во општина Сарај (исто така Чаир и Арачиново) и нивната работа да придонесе во семејството и општеството.
    Главната придобивка од оваа обука се зајакнати капацитети (знаења и вештини) на жените од етничките заедници во руралните области, во однос на идентификување на проблемите, потребите и приоритетите на жените во заедницата.
    Обука се одвива во салата на Советот на општина Сарај, и ќе трае до 21 јуни 2013 (Петок), а потоа продолжува во Кичево, од 01 Јули (Понеделник) до 05 Јули (Петок).

За повеќе информации во врска со обуките контактирајте нa fatima.vela@oemvp.org 

 

                                                                                                      
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија                Здружение за локален рурален развој                 Регионална агенција за развој-Сенек-Пезинок  

 

 

 

 Проектот е финансиран од Европската Унија                       

 

This document has been produced with financial assistance of the Europian Union. The contents of this document are the sole responsibility of Economic Chamber of North-West Macedonia and can no under no circumstances be regarded as reflecting the position of the European Union.


Comments are closed.