Продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Народна Република Кина: Перспективи и можности за нови инвестиции

25.04.2024, Скопје – Претседателот Qyra ги пречека на средба амбасадорот на Народна Република Кина, неговата екселенција Џанг Ѕуо, Економскиот и трговскиот советник Хе Бингхуа, третиот Секретар на економската канцеларија Че Шан и Службеникот за визи Фанг Ханг. Г-дин. Qyra ја истакна важноста на соработката и изрази подготвеност за зајакнување на односите, давајќи им значење на трговската размена и инвестициите во специфични сектори за економско зајакнување на двете земји.

Претседателот Qyra истакна дека иако трговските односи меѓу Северна Македонија и НРК се на високо ниво, се уште има простор за раст и проширување, унапредување на градежниот и трговскиот сектор.

Исто така, на средбата се разговараше и за можноста за капитални инвестиции во автомобилскиот сектор, при што беше идентификувано дека Северна Македонија има недостаток на ова поле, додека НРК значително го има развиено.

Извршниот директор го спомна зголемувањето на ефикасноста на работната сила како една од стратешките точки, каде што СКСЗМ има ставено посебен акцент и побара од гостите можности за размена на искуства и експертиза меѓу работниците, имајќи предвид дека НРК  има многу висока стапка на ефикасност. Оваа размена е од особена важност за подобрување на ефикасноста и продуктивноста во одредени сектори на економијата, овозможувајќи и на Северна Македонија да има корист од искуството и добрите практики имплементирани во НРК во областа на градежништвото и инфраструктурата.

Амбасадата изрази благодарност за поддршката и соработката на Комората како една од најсериозните и највизионерските институции во државата. Истите ги информираа домаќините за можностите за поврзување на компаниите од нашата земја со кинески компании и ја понудија својата безрезервна помош за да помогнат во организација на заеднички настани.

Потпретседателите на СКСЗМ, кои веќе имаат соработка со компании од НРК, изразија подготвеност за продлабочување на оваа соработка преку нови инвестициски иницијативи.

Улогата на Комората во овој контекст е важна да ја промовира и подобри бизнис климата во Северна Македонија, да придонесе за подобрување на просторот за водење бизнис, како и да ги отвори вратите за соработка со релевантните институции во земјата.