„Придонесите од плата да се намалат на 32% и да се зголемат квотите на работната сила од странство на 10.000“ – средба на СКСЗМ со Министерката за Труд и Социјална Политика

23.11.2023 година, Скопје – Во просториите на СКСЗМ Претседателот, Извршниот директор и други членови остварија работна средба со Министерката за труд и социјална политика, г-ѓа. Јованка Тренчевска.
Како точки на дневен ред од страна на СКСЗМ беа борбата против миграцијата и работната сила, каде што Претседателот Ќура го претстави ставот на СКСЗМ за намалување на придонесите на ниво од 32% од нето платата, како предуслов за зголемување на платите на вработените, со што се создава долгорочна перспектива на граѓаните во земјата.
Исто така, беше презентирано и барањето на членките на Комората, за зголемување на квотата на работна сила увезена од странство, бидејќи недостигот на работна сила продолжува да биде проблем за домашните бизниси, а во меѓувреме, лимитот од квотата од 5000 на годишно ниво, продолжува да промовира сива економија и нелојална конкуренција, нешто што СКСЗМ е категорично и одлучена да се бори против истото.
Дополнително, беше презентиран фактот дека во регионот и пошироко, Република Северна Македонија има највисоки придонеси за плата, што ја прави неконкурентна дури и со соседните земји, со што нашиот пазар е уште повеќе изложен на ризик од губење на работна сила.
Од друга страна, од Министерството земаа обврска да ги разгледаат барањата на СКСЗМ, додека најавија дека во 2024 година ќе има зголемување на квотите за вработување на странски лица, како и дека од Министерството за надворешни работи и Вицепремиерот за економски прашања работат на олеснување на процедурите.
Меѓу другото, на оваа средба Претставниците на СКСЗМ го истакнаа високото значење на либерализацијата на пазарот на труд во регионот, со што би се обезбедил поефикасен административен пристап за изнаоѓање работници од регионот и обратно.