Придобивките од германската експертиза за компаниите
23 Aприл 2018 – Извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Дрилон Исени, имаше средба со координаторот на проектот за високи експерти за Југоисточна Европа, Ања Весели, и одговореното лице за овој проект Рамадан Абдулаи од Германската стопанска комора во Македонија, каде разговараа за Услугите на високите експерти, кои ги поддржуваат економиите на земјите во трансформација со испраќање пензионирани германски професионалци и менаџери за да помогнат во изградбата на капацитети и да им го даваат своето искуство на македонските претпријатија.
Тие се главно ориентирани кон мали и средни претпријатија, јавни институции, заедници или општини, образовни институции и други меѓународни организации.
Овие експерти претставуваат повеќе од 50 сектори, почнувајќи од електроника, земјоделство, маркетинг, администрација, хемиска индустрија, здравје се до механички инженеринг. Овие експерти имаат долгогодишно професионално искуство и се мотивирани да го пренесат на компании кои се заинтересирани за користење на овие услуги.
СКСЗМ ги повикува сите компании да придобиваат од овој и други вредни проекти за нивната активност. За повеќе информации за пријавување и користење на оваа експертиза можете да контактирате со info@oemvp.org или со телефон 02 / 3239-252.