Претставници на Босна Банк Интернатионал на средба во СКСЗМ

Денес во СКСЗМ беа присутни претставници на Босна Банк Интернатионал, каде беа пречекани од страна на претставници на комората, на чело со претседателот г.Неби Хоџа. Целта на оваа средба беше иницирањето за потпишување на меморандум помеѓу ББИ и СКСЗМ, кој би можел да ја прошири соработката помеѓу нашите членки и регионалните компании.

Исто така, беше разговарано и за можноста за учество на нашите компании членки на Сараевскиот бизнис-форум, во кој ќе има повеќе од 8.000 учесници, над 3.000 компании и ќе се одржат над 1.500 B2B средби. Карактеристика на овој форум е дека има поканети високи функционери од регионот и пошироко.

Форумот беше презентиран детално за да се оствари можноста да се поканат колку што е можно повеќе компании, кои би можеле да бидат дел од организираните B2B средби, панели, разни дискусии. Овој форум е организиран од страна на Bosna Bank International во соработка со Исламската банка за развој, Исламската банка на Дубаи, Исламската банка на Абу Даби и други партнери.