Претседателот Qyra учесник на Економската конференција на Амбасадата на Словенија во Скопје: „Што ни донесоа 20 години членство во ЕУ на економскиот област“.
22 мај 2024 година, во Скопје, Амбасадата на Република Словенија заедно со Здружението на словенечки и македонски бизнисмени ја организираа економската конференција со тема „Што ни донесоа 20 години членство во ЕУ на економскиот област“
На оваа средба, присуствуваа еминентни личности од земјава од економската област, политички, но и дипломатски, кои ја проследија презентацијата на развојниот напредок на Словенија, но и панел дискусијата со експерти од областа.
„Словенија доби финансиски и развојни предности со членството во ЕУ, како граѓани на ЕУ, можности за вработување во други земји-членки, можности за развој на бизниси во рамките на ЕУ, и многу други предности. Членството влијаеше на царинските постапки со олеснување на истите и членството ги зголемуваше конкурентските предности на компаниите и самата Словенечка држава“.
Како поддржувач на евроинтеграциите, беше присутен и претседателот на СКСЗМ г-дин. Mendi Qyra, демонстрирајќи подготвеност да биде блиску до секој настан кој има за цел да ја подобри состојбата на нашата земја во однос на предусловите за почеток на преговорите со ЕУ, како и успешно завршување на овој процес.
„За пример треба да се земе моделот на Република Словенија, или во однос на реформите што му претходеа на членството, а уште повеќе, како стимулација, достигнувањата на Словенија од датумот на нејзиното пристапување во ЕУ. Нашата земја треба да биде дел од оваа организација и дека треба да се направи што е можно повеќе за да се дојде до неа еден ден порано, бидејќи времето што минува со тоа што не е дел од ЕУ, е време во губење на потенцијалните придобивки што ги нуди. Економијата на нашата земја не може долго да опстане доколку не се приклучиме и не се интегрираме на овој голем економски пазар“, изјави претседателот на СКСЗМ Mendi Qyra во врска со важноста на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.
СКСЗМ оценува дека главниот фокус на нашата земја треба да биде Европската Унија и дека со оваа важна дефиниција за нашата држава не треба да се прават никакви компромиси, уште помалку од политички и економски тип.